Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


 ДРЖАВЈАНСТВО е правна врска меѓу Вас и државата и не го означува Вашето етничко потекло

Согласно Уставот, државјанството на Република Северна Македонија е уредено со закон и не може да се одземе. Законот со кој се уредува државјанството е Законот за државјанството од 1992 година изменет и дополнет со Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството од 2004 година.

Дата: 1/26/2021


 За запишување на дете во МКР (матичната книга на родените) на Република Северна Македонија потребно е:

  1. Извод од матичната книга на родените на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од МКР треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.
  2. ПРИЈАВА за запишување во МКР која треба да биде поднесена од двата родители кои треба лично да ја потпишат во амбасадата.
  3. Патни исправи на родителите
  4. Извод од матична книга на венчани за родителите
  5. Виза за законски престој на детето и родителите во државата на акредитација на ДКП.
  6. Изјава за согласност од едниот родител што е странец, дека се согласува детето да стане наш државјанин.
Дата: 1/26/2021


Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола. Носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за македонските државјани во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Cеверна Ирска.Ова важи за дозволи кои го овластуваат управувањето со класата на возила кои соодветствуваат на класата на возила опфатени во категориите B, B+E, F, K или P, или поткатегоријата B1 и се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи во Република Македонија.
Дата: 5/6/2021