20.03.2021-Тодорица низ годините-Ретроспектива
-Кино сала ,почеток 12:30
-Тодорова сабота e православен - христијански празник кој се слави во првата сабота од велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.На голем народен собир на овој ден се играле ора и танци карактеристични за фолклорот од овчеполското поднебје.На овој ден со години наназад се одржува и Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ во организација на Општина Свети Николе и Општинската установа Дом на културата „Крсте Мисирков“ од Свети Николе на кој земаат учество голем број на културно уметнички друштва, фолклорни ансамбли и групи од земјата и од странство.Поради ситуацијата со КОВИД - 19 , а во знак на јубилејот 20 години постоење на Фестивалот ТОДОРИЦА, и со цел да се задржи традицијата на Тодорова сабота во Свети Николе да биде разиграно и весело оваа година преку Ретроспективно издание на Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ насловено како ТОДОРИЦА НИЗ ГОДИНИТЕ , љубителите на изворниот фолклор преку видео проекција ќе имаат можност да погледаат инсерти од Фестивалот, на ден 20.03.2021 год.(сабота) со почеток во 12:30 часот во кино сала при Домот на културата „Крсте Мисирков“ од нашиот град Свети Николе (програмата ќе се одржи согласно протоколите за заштита од КОВИД-19).
|