Акните на телото не се разликуваат многу од акните на лицето. Исто така зависат од генетиката, па доколку еден од членовите на вашето семејство има проблеми со акните, межеби и вие самите "мака ќе мачите" со нив.
Луѓето кои имаат доста акни на лицето веројатно ќе ги имаат и по телото. Акните можат да настанат на било кој дел од телото, освен на дланките и стапалата, бидејки таму нема лојни жлезди кои произведуваат себум. Најмногу склони на акни се грбот и деколтето-тие тука настануваат на ист начин како на лицето, но можат да бидат посериозни бидејќи порите на овој дел од телото се поголеми, а кожата е подебела.
Предизвикувачите на акните на телото се еднакви со оние на лицето-преголемо лачење на себумот, голема количина на мртви клетки, како и присутност на бактерии кои ги предизвикуваат акните. Мрснотијата и мртвите клетки се заробени во порите на кожата и прават блокада, а кога на исто место ќе се најдат и бактериите настанува темна дамка која постепено се претвара во осип.
Како да се решите од осипот на телото? Секој треба да се придржува до правилата за дневна хигиена и нега на кожата. За време на туширањето користете благ сапун, и немојте да дозволите мрснотијата и мртвите клетки да ги затворат вашите пори. Користете сунѓер за пилинг за да ги исчистите сите нечистотии од телото. Секако, туширајте се почесто во топлиот период.
Внимавајте и на тоа колку се потите. Носете удобна, прозрачена облека,а избегнувајте вештачки материјали.После секое туширање облечете нова облека и користете производи за регулирање на потењето. Пијте многу вода за да го исчистите телото од токсини, а исхраната збогатете ја со свежо овошје и лиснат зеленчук. Избегнувајте исхрана која изобилува со масло и масти, па дури намалете го и кафето и газираните сокови.
Доколку ниту овие совети не ви помагаат, посетете дерматолог.
|