Фолк пеачката Јелена Карлеуша чии колумни во "Курир" ја размрдаа јавноста, решила да ги замолчи сите злобно луѓе кои тврдат дека некој друг и ги пишува текстовите , па ги повикала новинарите во четврток во редакцијата на овој дневен весник да присуствуваат на настанот за нејзината последна колумна, која во весниците ќе биде објавена на 8 ноември.
Јелена Карлеуша со оваа постапка, како што стои во поканата, сака да покаже и докаже, дека "ги знае сите букви, умее да се служи со компјутер и дека навистина сама ги пишувала колумните кои ја размрдаа јавноста".
|