Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


 Недела на 7ми март Света Литургија 10 АМ
~Месопусна Недела~


Неделата е наречена Месопусна зошто е последниот ден и недела во кој блажиме на месо, односно јадеме месо пред почетокот на Велигденскиот пост. Веќе од понеделник 8ми март започнува Сирната недела во која јадеме само млечни производи и риба до почетокот на постот односно до Прочка.


1) Недела на 7ми Март ги известуваме сите членови и парохјани дека ќе се одржи свечена ЗАКЛЕТВА на новоизбраната Црковна Управа, по завршување на Светата Литургија.


2) Мало потсетување до сите благочестиви членови и верни чеда на Црковната зедница, при храмот ,,Света Параскева Петка”- Чикаго.


Денес 4ти Март навршуваат четириесет дена од лицитацијата на Светите Икони. Ги замолуваме сите верници што земаа активно учество и во своите домови ги однесоа Св. Икони да ги вратат во Храмот до Недела 7ми Март.

Дата: 3/5/2021