Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Општина Гевгелија доби десет нови специјализирани
контејнери за одложување на стаклена амбалажа. Во таа насока,
денес, градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков и
директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „
Комуналец", Зумров потпишаа договор за примопредавање на
новите контејнери со претставник од Германското друштво за
интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за
Југоисточна Европа - Модернизација на општински услуги (ГИЗ
ОРФ ММС), Александра Каревска -Димовска. Овој проект во
Република Северна Македонија се реализира со поддршка на
ЗЕЛС, на ПАКОМАК и на Германското друштво за
интернационална соработка (ГИЗ).
„Денес за жителите на општината обезбедивме нови десет
контејнери за депонирање на стаклен отпад. Заедно со веќе
поставените 20 контејнери во изминатиот период, се трудиме
оваа услуга за граѓаните континуирано да ја подобруваме.
Граѓаните ќе можат на 30 локации во населените места низ
општината да го депонираат овој претходно селектиран отпад.
Забележуваме дека навиките за селектирање на овој вид на отпад
не се на задоволително ниво, затоа сме сведоци на расфрлени
шишиња низ улиците или покрај контејнеритеи покрај заложбите
на комуналното претпријатие да ги расчисти. Сигурен сум дека со
вака подобрена инфраструктура која планираме да ја
надградуваме и во следниот период, како и со зголемување на
личната одговорноста од секој поединец, ќе обезбедиме почиста и
поубава слика за нашиот град и нашата општина. Всушност, со
вклучувањето на Општината во овој проект, сакаме да ги вклучиме
и нашите граѓани кон градење на одредени европските вредности,
а, пред се, создавање на навики за селектирање на стакло,
хартија и друга амбалажа и нивно депонирање во контејнери
утврдени за оваа намена.

Дата: 3/4/2021