Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


Завршува реконструкцијата на детското игралиште во Влае 2, во спортско – рекреативната зона долж реката Вардар. Општина Карпош ги заменува старите и дотраени реквизити со нови. На овој начин целосно се подобрија условите за рекреација и дружење на најмладите, имајќи предвид дека станува збор за еден од почесто посетените делови од Карпош. Локалната самоуправа континуирано работи на санација и реконструкција на детските игралишта во сите населби. Неодамна, општина Карпош направи целосна реконструкција и на игралиштата во Козле  (долж „Јуриј Гагарин“), Жданец и Карпош 4  (ул. „Никола Парапунов“). Во Карпош има повеќе од 60 зони за најмладите и затоа ги повикуваме граѓаните на одговорно и совесно користење на овие реквизити и урбаната опрема (клупи и корпи) во рамки на игралиштата.

 

Дата: 3/18/2021


Започнува чистењето на главната сообраќајница во Крушево. Овва активност доаѓа како редовна по одржувањето на улиците во зимски услови.

– Започнуваме со чистење на главната улица во градот каде што се расфрлаше голема количина на ризла и сол при наносите на снег. Во наредните неколку дена ќе продолжиме, а од петок ќе ни се приклучи ТППЕ Крушево во миење на улиците, посочи в.д. директорката на „Комуна“, Станка Ефремова Трајкоска.

Директорката на „Комуна“ одблиску ја следела работата на терен затоа што, според неа, чистотата е една од најважните делови на работа на претпријатието.

Дата: 3/3/2021