Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


Завршува реконструкцијата на детското игралиште во Влае 2, во спортско – рекреативната зона долж реката Вардар. Општина Карпош ги заменува старите и дотраени реквизити со нови. На овој начин целосно се подобрија условите за рекреација и дружење на најмладите, имајќи предвид дека станува збор за еден од почесто посетените делови од Карпош. Локалната самоуправа континуирано работи на санација и реконструкција на детските игралишта во сите населби. Неодамна, општина Карпош направи целосна реконструкција и на игралиштата во Козле  (долж „Јуриј Гагарин“), Жданец и Карпош 4  (ул. „Никола Парапунов“). Во Карпош има повеќе од 60 зони за најмладите и затоа ги повикуваме граѓаните на одговорно и совесно користење на овие реквизити и урбаната опрема (клупи и корпи) во рамки на игралиштата.

 

Дата: 3/18/2021


Почна реконструкцијата на дел од фекална канализација на улицата „11 Ноември" во кумановската населба Бедиње, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
Жителите на овој дел од населбата ќе добијат реконструирана мрежа, бидејќи, старата е дотраена и нефункционална, изградена е во 60-тите години од минатиот век.
Реконструкцијата се извршува со средства обезбедени од програмата за инвестиции во животна средина преку Министерството за животна средина и просторно планирање и од општина Куманово, информираа претходно од Секторот за комунални дејности.
Општина Куманово го објави огласот за јавната набавка во октомври, минатата година. Вредноста на склучениот договор со компанијата изведувач, во декември, лани според податоците на електронскиот систем за јавни набавки со вклучен ДДВ изнесува 2.289.341,78 денари. На тендерот се пријавиле осум компании, избрано е Друштво за градежништво, трговија и услуги РМК ГРАДБА АС ДООЕЛ село Цветово, Студеничани.

Дата: 3/3/2021