Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


 ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ
Име и Презиме
Џејмс Росков
Место на живеење
Hurstville, Australia

ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА
Име на компанијата
Hancock Alldis & Roskov
Адреса
4 th Floor Victory House,
8 Crofts Avenue, Hurstville NSW 2220, Australia
P.O. Box 204 Hurstville BC 1481
Телефон
+ 61 2 9579 3066
Факс
+ 61 2 9579 2141
Web adress
www.hancockalldisroskov.com.au
E-mail
j.roskov@harlaw.com.au
Лице за контакт
Партнер: Џејмс Росков

http://harlaw.com.au/james-roskov/


Дејност


Адвокатска и нотарска канцеларија
Hancock Alldis & Roskov е основана во 1929 година. Со текот на годините компанјата функционира со различни партнерства. Од 2004 година еден од партнерите на Hancock Alldis & Roskov станува македонскиот иселеник Џејмс Росков. Неговата специјалност е во областа на кривичното право, семејно право и право на сопственост. Господинот Џејмс Росков остварил голема кариера во неговата професија што се докажува со неговото членство во Врховниот Суд на New South Wales ( Supreme Court of New South Wales) како и членството во Врховниот Суд на Австралија High Court of Australia.


Фокусирањето кон клиентите како и давање на експертски услуги и совети, како на физички така и на правни лица независно од нивната положба, претставува главна цел кон која се стреми компанијата на што се должи нејзиниот пат кон успехот.

Дата: 1/21/2021


Добро познат факт е тоа дека учењето низ забава е еден од најефективните начини на едукација кај децата, бидејќи сè што буди поголем интерес кај децата останува трајно и во нивната меморија. А како најдобро можат да се поттикнат и заинтересираат децата ако не преку игра?

За таа цел, со поддршка на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, изработена е едукативната игра Ристина и Шарко наменета да го поттикне учењето и усовршувањето на македонскиот јазик кај децата во државата како и оние од дијаспората.

Важно е да се напомене дека ова е прв проект од ваков тип на територијата на Република Северна Македонија. Главната цел на оваа едукативна игра е да го промовира и олеснува учењето и зачувувањето на македонскиот јазик кај младата популација преку сет на едукативни игри со различни нивоа на тежина. Преку играта, децата ги учат буквите и некои од основните поими и зборови од македонскиот јазик.

Играта е целосно изработена на македонски јазик и е прилагодена за деца почнувајќи од претшколска возраст. Дополнително, буквите и поимите кои се споменуваат во игрите се исто така поддржани со аудио материјал, на пример ако детето избере одредена буква или слика ќе чуе како се изговара буквата или поимот на сликата. Ова значително придонесува за вежбање на изговорот на букви и зборови од македонскиот јазик.

Исто така, самите главни ликови Ристина (рис) и Шарко (куче-шарпланинец) како симболи на нашата држава, македонскиот јазик и култура дополнително влијаат врз поттикнување на љубопитноста и желбата за осознавање кај децата.

Ристина и Шарко се состои од 5 типа на игри кои ќе го поттикнат когнитивниот и моторен развој на децата преку учење или усовршување на македонскиот јазик низ забава.

Овие типови на игри се поделени во 4 категории, секоја со повисоко ниво на тежина во поимите и буквите од претходната. Во секоја од нив поимите кои се спомнуваат се секојдневни и едноставни за полесно совладување на јазикот од страна на децата.

Ристина и Шарко моментално е достапна на сите Андроид смартфони и таблети со симнување од следниот линк:

https://play.google.com/store/apps/details…

Наскоро следува и верзија достапна за iOS уредите 

Дата: 2/21/2021