Борис Ничов е познат американски бизнисмен и општественик во Чикаго, но во исто време тој е познат и признат во македонската заедница, особено во македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“, во која бил претседател и значаен член на Управата. Во Подмочани е подигнат и се вишнее Преспанскиот крст, кој е изграден во 2.000 година, како симбол на христијанството, а е донација на иселеникот во Чикаго, познатиот бизнисмен и донатор Борис Ничов.
Борис Ничов познато име во македонската заедница во Чикаго како бизнисмен и донатор, е активен член во македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ и во македонската заедница во тој дел на Илиноис, од почетокот до денешни дни. Роден е во селото Подмочани, во Преспа, од каде уште како дете, заедно со родителите, заминал за Соединетите Американски Држави. Борис е почитувана личност не само во Чикаго каде живее педесетина години, туку и во своето родно Подмочани, во Преспа и во Македонија, бидејќи тој е еден од значајните донатори на својот роден крај.
Извор : Славе Катин
|