Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


 Македонците во Австралија и низ цел свет се гордеат со Ник Малчески

Македонската дијаспора и целата македонска заедница од Австралија со гордост и восхит ја гледаа неверојатната изведба на Ник Малчески додека ги постигна првиот и последниот гол на натпреварот, со што екипата Сиднеј Свонс си ја обезбеди победата на финалето на австралиската рагби лига.

 

Овој историски и возбудлив натпревар беше следен од речиси 100.000 гледачи на трибините на светски познатиот стадион �Мелбурн Крикет Граунд�. Истиот беше пренесуван и на телевизија низ цела Австралија. Премиерот Џулија Гилард, којашто дојде во Малбурн од Обединетите нации во Њујорк, исто така беше дел од спектаклот.
Ник Малчески е горд Македонец којшто живее во Австралија. Роден е на 15 август 1984 година и првпат настапи во финале на австралиската лига во 2006 година.
-Ник е позитивен пример за младината во Австралија којашто игра рагби или кој било друг спорт. Тој покажа дека успехот е можен доколку се има труд, посветеност и стремеж кон постигнување најдобри резултати, вели Ордан Андреевски за Ник.

Тој додава дека Ник е и амбасадор на македонската младина, култура и идентитет во Австралија.
-Ник покажа дека може да се постигнат голови и да се почитува целата австралиска мултикултурна заедница додека си го почитува своето македонски наследство и идентитет, вели Ордан.
Обединетата Македонска Дијаспора му честита на Ник Малчески за неговите неверојатни достигнувања на натпреварот и нему и на тимот им посакуваат се најдобро во иднина.
-Се надеваме дека Ник и неговиот тим ќе дојдат наскоро во Македонија за да споделат тајните за нивниот успех и со македонската младина, велат тие.

Дата: 1/21/2021


Во просториите на Агенцијата за иселеништво, директорот Слободан Близнаковски, оствари средба со директорот на компанијата Тотал Тв, г-дин Никола Тасев.

Во знак на благодарност за донацијата на детски книги и материјали за потребите на најмладата генерација на наши иселеници во дијаспората, директорот Близнаковски и му додели благодарница на г-дин Никола Тасев. Агенцијата за иселеништво оваа донација на детски книги и материјали, ќе ја испрати до нашите најмлади иселеници, како би им помогнале во процесот на изучување на македонскиот јазик. Како многупати до сега Тотал ТВ докажува дека е општествено одговорна компанија во Република Северна Македонија. Основана е и почнала со работа на македонскиот пазар во октомври 2009 година, а преку своjата платформа е најзначаен провајдер на дигитална сателитска телевизија во регионот и Европа.

Дата: 2/4/2021