Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


Граѓаните на Кавадарци добиваат на користење нов тротоар на ул.„Страшо Пинџур“. Општина Кавадарци преку ангажираната оператива гради тротоар на наведената улица на потегот од спојот со ул. „4-ти Мај“.

Денес започнаа подготвителните работи на расчистување на теренот по што ќе следи порамнување и тампонирање - информираа од локалната самоуправа.
На површина од околу 500 метри квадратни ќе бидат поставени бехатон плочи. Изведувач на работите е фирмата „АС Машини“ од Кавадарци.
Проектот е дел од поголемата јавна набавка со која се реализираат поплочувања на уште неколку локации.  
 
Дата: 1/30/2021


 Македонците во Австралија и низ цел свет се гордеат со Ник Малчески

Македонската дијаспора и целата македонска заедница од Австралија со гордост и восхит ја гледаа неверојатната изведба на Ник Малчески додека ги постигна првиот и последниот гол на натпреварот, со што екипата Сиднеј Свонс си ја обезбеди победата на финалето на австралиската рагби лига.

 

Овој историски и возбудлив натпревар беше следен од речиси 100.000 гледачи на трибините на светски познатиот стадион �Мелбурн Крикет Граунд�. Истиот беше пренесуван и на телевизија низ цела Австралија. Премиерот Џулија Гилард, којашто дојде во Малбурн од Обединетите нации во Њујорк, исто така беше дел од спектаклот.
Ник Малчески е горд Македонец којшто живее во Австралија. Роден е на 15 август 1984 година и првпат настапи во финале на австралиската лига во 2006 година.
-Ник е позитивен пример за младината во Австралија којашто игра рагби или кој било друг спорт. Тој покажа дека успехот е можен доколку се има труд, посветеност и стремеж кон постигнување најдобри резултати, вели Ордан Андреевски за Ник.

Тој додава дека Ник е и амбасадор на македонската младина, култура и идентитет во Австралија.
-Ник покажа дека може да се постигнат голови и да се почитува целата австралиска мултикултурна заедница додека си го почитува своето македонски наследство и идентитет, вели Ордан.
Обединетата Македонска Дијаспора му честита на Ник Малчески за неговите неверојатни достигнувања на натпреварот и нему и на тимот им посакуваат се најдобро во иднина.
-Се надеваме дека Ник и неговиот тим ќе дојдат наскоро во Македонија за да споделат тајните за нивниот успех и со македонската младина, велат тие.

Дата: 1/21/2021


Граѓанските активисти од „Штип Арт Актизам“ денеска спроведоа нова акција на терен насловена „Сонот на штипјани“. На неколку локации во градот поставени се табли, на кои се посочени проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Пред да ги постават таблите, спровеле онлајн истражување во кое граѓаните ги потенцирале најголемите проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење.


–ВО НАЈГОЛЕМ БРОЈ, ГРАЃАНИТЕ УКАЖАА НА ПРОБЛЕМОТ СО НЕЧИСТОТИЈАТА И ЃУБРЕТО, НЕБЕЗБЕДНИ ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ И НЕМАЊЕТО НА РАМПИ ЗА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА, НЕБЕЗБЕДНИ БУЛЕВАРИ, ТРОТОАРИ КОИ СЛУЖАТ ЗА ПАРКИНГ НАМЕСТО ЗА ПЕШАЦИ, ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦИ, ПОТРЕБАТА ОД ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ И БЕЗБЕДНИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА И НЕДОСТАТОК НА КИНО. СОНОТ НА ШТИПЈАНИ СЕ ДА НЕМА СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ И ДА ИМААТ ПРООДНИ И БЕЗБЕДНИ БУЛЕВАРИ И ТРОТОАРИ, ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА И КИНО, СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОД „ШТИП АРТ АКТИВИЗАМ“.

 

Дата: 2/1/2021