Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


 листај книга

Книгата „Патот на успехот“ од Симона Ристевска претставува збирка на интервјуа со личности кои во професијата се реализирале надвор од Македонија, но кои со деј-носта и мислата остануваат врзани за својата Татковина. Станува збор за интервјуа

– портрети направени врз основа на истражувачка постапка која ни открива низа де-тали од животот и работата на цела галерија луѓе од различни професии.

Интервјуата на Симона Ристевска претсавуваат потрага по суштината на животните и професионални патишта на многумина Македонци кои со својата амбиција, определ-ба и знаење, се остварувале во светот афирмирајќи ги вредностите на она што значи животна определба. Со оглед на поводите и целите за разговор „Патот на успехот“ е прва книга од ваков карактер во Македонија. Убаво е речено дека оваа книга е „во потрага по успешните“. Имено, среќна околност е тоа што соговорниците на Ристев-ска го имаат заедничкиот именител – успешни, бидејќи, за квалитетот на овие ин-тервјуа, од особено значење е личноста со која се разговара, нејзиниот легитимитет на посветен и потврден креатор во својата професија. Оттука поводот за разговор и содржината на одговорите се во основата на овој среќен спој со посветеноста и креа-тивноста на авторката која реализирала еден извонредно интересен и повеќекратно корисен проект.

Посебно треба да се подвлече дека овие интервјуа со проекциите на различните па-тишта на успехот, имаат и своевидна едукативна функција. Тие се показ на најне-посредните искуства на веќе афирмирани, познати и признати професионалци во различни области. Тие сведочат за многуте искушенија на патот до успехот, но и за убавината на совладувањето на сите Сцили и Харибди и радоста од таквата посвете-ност кога плодовите се придобивка не само за оној кој работел на тој план со целосна посветеност и знаење, туку и многу пошироко. Со оглед на личностите застапени во оваа книга, а тоа се луѓе од Македонија кои своите знаења и резултати ги афирмирале

и потврдиле во светот, и што е можеби уште поважно: тие знаења и резултати светот ги прифатил како такви, со право зборуваме за индивидуална и колективна гордост од постигнатото.

Покрај информативниот каракер, запознавање со поводот и предметот за разговор кои произлегуваат од дејноста на соговорникот, интервјуата од „Патот на успехот“ во-дат кон расветлување и толкување на аргументите што ги нуди темата и создаваат повеќеслоен портрет на личноста со која се разговара. Велиме повеќеслоен бидејќи покрај аспектите на успехот (посветеноста, работата и резултатите од неа) Ристевска во портретирањето на соговорниците, чиј успех се проектира главно во дијаспората, внесува низа елементи од личниот живот исполнет со многу нијанси на внатрешниот свет на нејзините про-тагонисти. Не ретко во одредени сегменти овие интервјуа, благода-рение на умешноста за спонтаните во развивањето на разговорот, преминуваат во длабоко интимни приказни, во директни и искрени исповеди.

Оваа книга, од жанровски аспект погледнато, е илустративен при-мер за тоа колку новинарството и книжевноста меѓусебно се повр-зуваат и надополнуваат, во случајов благодарение на умешноста и дарбата на авторката аргументите да ги облагороди со превезот на естетска нарација на приказната користејќи ја формата на дијалог. Симона Ристевска интервјуата ги реализира по пат на преплету-вање на журналистичкиот пристап во откривањето, селекцијата и презентирањето на богатата аргументација поврзана со личноста и делото на соговорникот, од една страна и, од друга – на белетрис-тичкото доловување на атмосферата низ која на суптилен начин се откриваат интересни детали од доменот на она што значи карактер-на профилација со акцент на мотивите за успех и начините за ост-варување на таквите цели. Интервјуата на Ристевска достигнуваат евидентен степен на креативност и носат индивидуален, специфи-чен стилски печат. Овдека доаѓа до израз подготвеноста на автор-ката да разговара на одредена тема, знаењето за организација и сосредоточувањето на сознанијата, идеите, дилемите, како и арти-кулацијата и сведувањето на тој преплет во заклучна поента која претставува своевидна синтеза на кажаното и порака до читатели-те. Во интервјуата од „Патот на успехот“ ненаметливо, преку форма-та на дијалог и неговата развојност низ покренатите прашања, се прави смела и прецизна сондажа со цел автентично да се расветлат и анализираат аргументите од тој домен.

 

Секое од овие интервјуа е дело за себе, но собрани во збирка, пре-зентирани во интегрален вид, интервјуата сведочат за делото на авторката Симона Ристевска, за особеностите на нејзината работа, за нејзиниот пристап, за нејзиниот метод и стил, воопшто – за функ-ционирањето на нејзината творечка лабораторија.

Интервјуата од „Патот на успехот“ потврдуваат дека поводот за раз-говор и прашањата што се третираат не можат да не бидат во духот на една постојана потрага по допирните точки од животот, дури и тогаш кога разликите можат да бидат очигледни. Дотолку повеќе што самиот дијалог што го иницира авторката на оваа книга е чин на изразена блискост во устремот кон нужните расветлувања, тол-кувања и анализи што не се интерес само на соговорниците, туку на реципиенти од многу поширок радиус. Тоа значи дека овие интер-вјуа се израз на потребата од дијалог за прашања што се предмет на внимание на пошироката јавност. Како такви нив ги примаме и со задоволство им ги препорачуваме на читателите, со напомена дека, со оглед на она што ни го понуди со „Патот на успехот“, Си-мона Ристевска, без сомнение, допрва ќе не изненадува со своите истражувачки и креативни можности на овој план.


Проф д-р Веле Смилевски

 

Дата: 1/29/2021