Верувале или не, жените не се единствени кои поминуваат низ менопауза. Многу лекари кај мажите се соочуваат со истите симптоми на менопаузата, како и кај жените.
Што е тоа машка менопауза?
Иако не постои точна дефиниција за машката менопауза, некои лекари тој период го нарекуваат недостаток на тестостерон кај зрелите мажи. Мажите навистина после одредена возраст го губат тој хормон, но тоа може да се случи поради одредени болести како дијабетес. Со загубата на тестостеронот, мажите во тој период имаат проблеми со слабост, депресија и сексуалниот нагон. Поврзаноста на симптомите со низок тестостерон сеуште не е целосно објаснета.
Додека кај жените за време на менопаузата целосно се гаси продуктивниот хормон, кај мажите губењето на тестостерон е бавен процес. Тестисите, за разлика од јајниците, не престануваат да ја ствараат супстанцата која го ствара тестостеронот. Но, кога мажите ке им се доближат на педесеттите години може да дојде до промени во тестисите поради разни болести. Подоцна тие промени може да се влошат, особно во 70-те години.
Како се дијагностицира машката менопауза?
Лекарот ќе изврши физички преглед и ќе побара опис на симптомите. Вашиот лекар може да ве упати на дополнителни тестирања, за да утврди дека не се работи за некоја болест. Голема е веројатноста дека ќе ве испрати и на тестови за да се утврди и нивото на тестостерон.
Дали постои лек?
Ако нивото на тестостерон е ниско, хормонската терапија ќе смири некои симптоми. Сепак, треба да се обрати внимание на несаканите ефекти и ризици кои овој вид на лекување ги носи. Доколку вашиот лекар одреди терапија за хормонот тестостерон, прашајте го за совет. Тој ќе ви советува да направите некои промени во начинот на живот. Се работи за промена на начинот на исхрана или вежбање.
|