Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ доби нови нагледни средства за изведување на кабинетска настава, информираа денеска надлежните од училиштето. Набавени се потребни средства за изведување на наставата по физика, биологија, хемија, географија, музичко образование и спорт. – Во два наврати со буџетски средства и со средства обезбедени од општината набавивме 50 компјутери кои сераспределени по сите училници и кабинети. Воедно, набавен е нов училишен мебел, сточиња, изјави директорката на гимназијата, Марија Тодоровска. Во последната набавка, училиштето доби 18 нови компјутери за кабинетите. Претходно, со сопствени средства беа реконструирани тоалетите во централниот дел од училишната зграда, а со средства на општината беше извршена санација на тоалетите во истурениот дел од гимназијата. Сите овие вложувања значително ќе го подобрат и квалитетот на образованиот процес, се надевам дека од наредната ќе се спроведува со физичко присуство на учениците и се значајни од аспект на хигиена, изјави Тодоровска. Во кумановската гимназија настава следат 944 ученици
|