Кошничка

Имате 2 информации во вашата кошничка за печатење


Почитувани,

Од понеделник 1 март 2021 година започна самопопишувањето на дијаспората, а ќе трае се до 21 април 2021 година. Со цел, реализaција на една од најважните статистички операции во земјава, преку која се добиваат точни информации за состојбата на населението во Република Северна Македонија и во дијаспората, кои претставуваат основа за градење на ефикасни и ефективни јавни политики, Агенцијата за иселеништво ги повикува нашите иселеници во дијаспората, преку следниот линк https://popis2021.stat.gov.mk масовно да го реализираат правото на попис. За сите потребни информации околу начинот на пополнување на апликацијата, во периодот од 1.03.2021 година до 21.04.2021 година, можете да не контактирате на следниот маил info@minisel.gov.mk.


Во продолжение линк од практичното објаснување на апликацијата за попис.


https://www.facebook.com/popis2021/videos/3761937347255904

Со почит, 

Дата: 3/5/2021


Зачин кој во некои места во светот се користи подеднакво и во солени и во благи јадења, како и во разни напитоци.

Во повекето западни земји циметот се става најчесто во слатките и напитоците, во Азиските земји се уптребува во солените јадења.

Освен што предизвикува психичко уживање, циметот делува позитивно и на здравствената состојба на човекот.
Студиите покажуваат дека со конзумирње а циметот редовно, може да се намали нивото на холестерол и да се регулира шеќерот во крвта, што е особено важно за луѓето со дијабетес тип 2. Во случај кога вообичаените медицински средства не помагаат при гливични инфекции може да помогне циметот.
Резултати од истражувањето спроведено на Универзитетот во Копенхаген покажале дека на пациентите со дијагностициран артритис, болките им биле значително намалени после едномесечно секојдневно внесување по една кафена лажица цимет и мед во утринските часови.
Со додавање на циметот во храната, се спречува расипување и развој на бактерии. Исто така мирисот на циметот влијае позитивно врз помнењето и когнитивните функции.

Козметичката индустрија се повеке посегнува по циметот без разлика дали е во облик на прав, парчиња или масло и се повеќе парфеми, креми,сапуни и други производи се прават со арома на цимет.

 

Дата: 1/26/2021