1. Дали смеам да возам во Р.М. со таа возачка (моментално колата ми е со косовски таблици)?
2. Планирам да купам кола со Р.М. таблици. Дали смеам да ја возам колата со косовска возачка дозвола?
Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (’’Сл. Весник на Република Северна Македонија бр.54/07, 86/08, 98/08, 106/08, 128/08, 64/09, 161/09, 51/11, 114/12 и 27/14), ’’странец кој привремено престојува во Република Северна Македонија и државјанин на Република Северна Македонија кој престојува или живее во странство и повремено доаѓа во Република Северна Македонија, врз основа на важечка странска возачка дозвола што ја издава надлежниот орган на странската држава и под услов на реципроцитет, може да управува со моторно возило со странски регистарски таблици, на територијата на Република Северна Македонија, за време на својот привремен престој во Република Северна Македонија, за време од шест месеца од денот на влегувањето во Република Северна Македонија, односно странец не може да управува возило со македонски регистарски таблици.
|