Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


 Во врска со вашето прашање од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија го добивме следниот одговор, цитирам:

Ве упатуваме на членот 9 од Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија ( Сл. весник на Република Северна Македонија број 67/1992, 20/2003, 46/2004, 73/2004, 19/2007, 84/2008, 51/2011, 55/2016), според кој ‘’Патниот лист е лична исправа која му се издава на државјанин на Република Северна Македонија кој останал во странство без патна исправа, само за враќање во земјата, како и на членот 17 од истиот закон според кој ‘’ Патниот лист го издава дипломатско –конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во странство на државјанин на Република Северна Македонија, кој во странство останал без патна исправа’’.

За подетални информации околу издавањето на патниот лист, лицето е потребно да се обрати до надлежното конзуларно претставништво на Република Северна Македонија во странство.

Дата: 1/26/2021