Кошничка

Имате 6 информации во вашата кошничка за печатење


 ДРЖАВЈАНСТВО е правна врска меѓу Вас и државата и не го означува Вашето етничко потекло

Согласно Уставот, државјанството на Република Северна Македонија е уредено со закон и не може да се одземе. Законот со кој се уредува државјанството е Законот за државјанството од 1992 година изменет и дополнет со Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството од 2004 година.

Дата: 1/26/2021


 За запишување на дете во МКР (матичната книга на родените) на Република Северна Македонија потребно е:

  1. Извод од матичната книга на родените на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од МКР треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.
  2. ПРИЈАВА за запишување во МКР која треба да биде поднесена од двата родители кои треба лично да ја потпишат во амбасадата.
  3. Патни исправи на родителите
  4. Извод од матична книга на венчани за родителите
  5. Виза за законски престој на детето и родителите во државата на акредитација на ДКП.
  6. Изјава за согласност од едниот родител што е странец, дека се согласува детето да стане наш државјанин.
Дата: 1/26/2021


Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола. Носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за македонските државјани во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Cеверна Ирска.Ова важи за дозволи кои го овластуваат управувањето со класата на возила кои соодветствуваат на класата на возила опфатени во категориите B, B+E, F, K или P, или поткатегоријата B1 и се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи во Република Македонија.
Дата: 5/6/2021


Наставно и техничко-административниот кадар, заедно со учениците и родителите, со поддршка од Општина Карпош создадоа уредена зона во страничниот дел од училишниот двор на основното училиште „Братство“ во Тафталиџе 2, информира Општина Карпош. Еко-училницата е наменета за настава на отворено, родителски средби, како и реализација на работилници и вонучилишни активности. Основното училиште со оваа зона аплицираше на јавниот повик на Општината за најдобро уреден училишен двор или дел од дворот, при што го освоија второто место. Образовната установа доби парична награда од 30.000 денари, но најважно е тоа што го создадоа како трајна вредност на училиштето, велат од Општината. Еко- училницата е и една од заложбите на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богодев кој во повеќе наврати посочи дека со создавање на конкретни работи и со вклученост на ученици, наставници и родители како заедница, ќе се зголеми совеста за животната средина и јавните добра. Ваквите еко-училници или катчиња се креирани во сите десет основни училишта на територијата на општина Карпош.

Дата: 5/28/2021


  1. Потврда за буква
  2. Потврда за име
  3. Потврда за државјански статус
  4. Потврда за живот – за корисници на македонска пензија
  5. Потврда за отслужена воена обврска
  6. Потврда за примено барање за отпуст од државјанство и др.
Дата: 1/26/2021


 Државјани на Република Северна Македонија можат да патуваат со важечка лична карта во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Дата: 1/26/2021