Кошничка

Имате 6 информации во вашата кошничка за печатење


 Доколку планирате да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да студирате во временски период подолг од 90 дена, имајте предвид дека пред вашето заминување, мора да поднесете апликација за виза за долг престој, дозвола за престој или работна дозвола во амбасадата или конзулатот на земјата во која ќе патувате. Работа или престој во Шенген-зоната без претходно обезбедена национална дозвола за работа или престој се незаконски.

Дата: 1/26/2021


Во Тафталиџе, во близина на Пожарната станица во Карпош, Градот Скопје направи уште едно инклузивно детско игралиште. На гумирана подлога, поставени се повеќе видови реквизити, а дел од истите се прилагодени и за децата со попреченост. Околниот простор е заштитен со ограда, а во околината се засадени и повеќе од 30 видови на растенија, со цел дополнително раззеленување на овој дел од Карпош. Во изјава за медиумите, градоначалникот Стефан Богоев истакна дека општина Карпош продолжува со тековната реконструкција на сите детски игралишта по населбите. -Претходно, со поддршка од Градот направивме слични вакви инклузивни игралишта долж булеварот Илинден, како и на улицата Веселин Маслеша, во Карпош 2. Во овие моменти, општината работи на целосна реконструкција на игралиштето во Бардовци, откако претходно целосно ги обновивме детските зони во Тафталиџе 1 (на ул. Варшавска), спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, во Козле, Жданец, Карпош 4 и други населби, рече Богоев. Тој истакна дека општината продолжува да вложува во хуманизација на јавниот простор и во креирање на зони кои овозможуваат повеќе спортување и рекреација на граѓаните. Градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов напомена дека е направено уште едно безбедно катче, каде што децата ќе можат да го поминуваат своето слободно време. -Градот Скопје продолжува да креира вакви урбани, модерни простори во сите скопски населби, затоа што истите се корисни за целата заедница рече Шилегов. Локалната самоуправа ги повикува сите граѓани на совесно и одговорно користење на урбаната опрема.

Дата: 6/1/2021


 За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години, за лица на возраст од 4-27 години, пасошот се издава со рок на важење од 5 години, за лица до навршени 4 години живот, пасошот се издава со рок на важење од 2 години.

При поднесување на барањето за издавање на пасош од граѓанинот се земаат биометриски податоци- фотографија, отпечатоци од два прста, како и своерачен потпис во дигитална форма. За малолетни лица до 12-годишна возраст не се врши земање на отпечатоци од прсти.

Дата: 1/26/2021


 Не. Согласно со одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Северна Македонија донесена на 19 декември 2009 г., на македонските државјани им се овозможува безвизен влез и краткорочен престој до 90 дена, во период до 180 дена, во сите земји членки на Европската Унија, освен Велика Британија и Република Ирска. Одлуката ја применуваат и државите потписнички на Шенгенскиот договор: Исланд, Норвешка и Швајцарија.

Напоменуваме дека за влез во Велика Британија и Република Ирска е потребно да се обезбеди соодветна виза пред патувањето.

Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 180 дена.

За престој подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Република Северна Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.

Дата: 1/26/2021


По раѓањето, Вашето дете стекнува државјанство на Република Северна Македонија, доколку барем еден од Вас родителите е државјанин на земјата.

Односно, Вашето дете стекнува државјанство на Република Северна Македонија со потекло кога ќе бидат исполнети следниве услови:

  1. Ако и двајцата сте државјани на Република Северна Македонија, вашето дете стекнува државјанство, независно од тоа каде е родено.
  2. Ако еден од вас е државјанин на Република Северна Македонија и ако вашето дете е родено во Република Северна Македонија, тогаш Вашиот брачен другар мора да се согласи со тоа вашето дете да стекне државјанство на земјата.

Доколку вашето дете се роди во странство, а само еден од вас е државјанин на Република Северна Македонија, тогаш вашето дете ќе стекне државјанство, доколку:

  1. Поднесете барање за запишување на Вашето дете во книгата на државјани, пред тоа да наполни 18 години; или
  2. Вашето дете се враќа да живее во Република Северна Македонија со Вас, пред да наполни 18 години; или
  3. Вашето дете со наполнети 18 до навршени 23 години возраст поднесе барање за запишување во книгата на државјани.

Забележете дека, доколку другиот родител е непознат или со непознато државјанство, Вашето дете ќе стекне државјанство на Република Северна Македонија со потекло, независно од тоа каде е родено!

Дата: 1/26/2021


 Краткорочен престој е престој на странец со виза или без виза, во траење не подолго од 90 дена во кој било период од 180 дена, а кој период му претходи на секој ден на престојот, доколку со закон или со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

Дата: 1/26/2021