Кошничка

Имате 5 информации во вашата кошничка за печатење


 Почитувани иселеници!

Агенцијата за иселеништво организира настава од далечина по македонски јазик, преку една од познатите интернет платформи.
Наставата ќе ја води дипломиран професор и истата ќе биде организирана на почетно и напредно ниво, согласно степенот на владеење на јазикот од страна на пријавените ученици.
Возраста на учениците треба да е од 7 до 16 години.

Оваа година наставата ќе биде наменета за ученици кои живеат во држави каде нема организирана настава по мајчин јазик од страна на Министерството за образование и наука и тоа: Австрија, Англија, Италија и францускиот дел од Швајцарија.

Ве молиме заинтересираните ученици да се пријават на официјалната интернет адреса на Агенцијата за иселеништво: info@minisel.gov.mk

Наставата ќе трае од март до крајот на декември, притоа спазувајќи ги паузите за време на празниците и летниот распуст. По завршувањето на курсевите, ќе се доделат дипломи за завршен почетен или напреден курс.

Со детални информации за почетните термини на наставата и линк од платформата ќе ве информираме дополнително, по формирањето на групите.

Директор,

Слободан Близнаковски

Дата: 3/1/2021


 Не постојат дополнителни финансиски или административни услови кои треба да ги исполнуваат лицата кои поседуваат биометриски пасош за да патуваат слободно во земјите од Шенген-зоната. Меѓутоа, вообичаените услови за влез на сите државјани на други земји кои патуваат во Шенген-зоната се применуваат. На граничните премини, на патниците може да им бидат побарани докази дека располагаат со средства за тоа патување, како и со средства со кои ќе се издржуваат во текот на престојот во Шенген-зоната. На патниците, исто така, може да им биде побарано да покажат каде ќе престојуваат (на пример, хотелска резервација или адресата на која ќе престојуваат). Покрај тоа, патниците не треба да се сметаат за закана за јавниот ред, јавното здравје или внатрешната безбедност, и не треба да се лица за кои се доставени предупредувања за одбивање на нивниот влез во земјата (на пример заради претходно пречекорен период на престој или други причини).

Дата: 1/26/2021


  1. Молба (се пополнува во Амбасадата)
  2. Барање за запишување на брак во матичната книга на венчаните на Република Северна Македонија (се пополнува во Амбасадата)
  3. Извод од матичната книга на венчаните на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од матичната книга на венчаните треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.
  4. Уверенија од државјанство на Република Северна Македонија
  5. Патни исправи (горенаведените документи се доставуваат во оригинал и копија)
  6. Доказ за законски престој во државата каде што е склучен бракот
Дата: 1/26/2021


Треба да поднесете барање за запишување во книгата на родени и регистарот на државјани во матичната служба во местото на живеење на родителот кој е државјанин на Република Северна Македонија. Ако сте во странство, раѓањето треба да го пријавите во најблиската амбасада или во најблискиот конзулат на Република Северна Македонија.

Дата: 1/26/2021


  1. Со потекло, односно, ако сте родени од родител/родители кој/кои е/се државјанин/државјани на Република Северна Македонија
  2. Во исклучителни околности, со раѓање во Република Северна Македонија
  3. Со природување
Дата: 1/26/2021