Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


  1. Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето,
  2. Наплата на конзуларна такса
  3. Се приложува извод од Матична книга на родени или друг документ со фотографија,
  4. Лична карта ( на родителот- подносител)
  5. Доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство.
Дата: 1/26/2021


Во изминатиот период беше направена уште една фитнес зона во општина Карпош. Во населбата Карпош 1, во близина на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ поставени се справи за физички активности и рекреација на граѓаните кои живеат во околината. Во овој дел од населбата беше целоснo реконструирано игралиштето „Сокол“, а беше направен и нов маaлски парк на улицата „Иван Аговски“.Во меѓувреме, во завршна фаза се и активностите за целосно уредување на дворот на ООУ „Х.Т.Карпош“, кој добива ботаничка градина, повеќе зеленило и систем за наводнување.Локалната самоуправа континуирано вложува во изведба на спортски зони и маалски паркови по сите населби. Претходно, фитнес зони се изведоа и во Карпош 4 (долж бул. „Партизански одреди“), на Кејот (под спортско – качувачката карпа), во Карпош 3 (во рамки на спортско – рекреативиот центар „Лазо Трповски“). Уредени маалски површини, пак, добија населбите: Карпош 2 (кај Драмски театар), Карпош 3 (во ООУ „Лазо Трповски“), Тафалиџе 2 (кај последна „24 – ка“), Долно Нерези (кај „воените“ кули), Карпош 4 (на аголот меѓу „Љубљанска“ и „Партизански Одреди“).

Дата: 5/31/2021


  1. Молба, се пополнува во Амбасадата
  2. Патна исправа на пријавителот на смртта
  3. Патна исправа на починатото лице –истата се поништува
  4. ИМКУ од органите на земјата каде што лицето починало (интернационален или оригинален со превод на македонски јазик)
  5. Такса согласно ЗАТ
Дата: 1/26/2021