Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Голем број од поставените прашања се однесуваат на признавање на ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ , и во врска со тоа Ве известуваме дека од Министерството за внатрешни работи го добивме следново известување:

Република Северна Македонија има склучено договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со следниве држави: Италија, Шпанија и Албанија.

Исто така во завршна фаза се преговорите со Австрија за возачки дозволи од Б категорија, со Германија, Австралија, Нов Зеланд и Словенија за сите категории од возачката дозвола. Иницирано е склучување на ваков договор и со соседна Србија.

Исто така голем број од поставените прашања се однесуваат на ВАДЕЊЕ ВИЗИ И БАРАЊЕ РАБОТА во странство ве известуваме дека Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија не посредува при добивање било какви визи, ниту при вработување во странство.

Северна Македонија, како и многуте други земји со долга иселеничка традиција нема прецизни податоци за бројот на своите иселеници, додека пак Македонците во соседните земји не потпаѓаат под ингеренциите на Агенцијата за иселеништво, бидејќи тие во земјите каде живеат се национални малцинства. За нив грижа води Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Дата: 1/26/2021