Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Селекторот на четирикратниот светски првак, женската фудбалска репрезентација на САД, Македонецот Влатко Андоновски, по пријателскиот меч, прв во 2021 година, против Колумбија, 4-0 во Орландо (САД), рече дека тимот е во постојана еволуција, во пресрет на одложените Летни олимписки игри (ЛОИ) во Токио (Јапонија) летово, пишува „Ројтерс“.
Сем Мјуис, која игра во средниот ред, постигна хет-трик, прв за неа во кариерата, а во репрезентацијата првпат по март лани се вратија ветеранките, напаѓачите Меган Рапино и Карли Лојд. Андоновски, кој ја наследи Џил Елис на селекторската фунција во октомври 2019 година, се надева дека ќе ја одведе репрезентацијата до олимпиското злато по разочарувачкиот настап и раната елиминација во четврт-финалето на Игрите во Рио де Жанеиро (Бразил) во 2016 година.
Во вториот контролен натпревар селекцијата на САД ја совлада репрезентацијата на Колумбија со 6-0. На тој меч два гола постигна Рапино. Американките се непоразени на 34 меча во низа и на 50 натпревари на домашен терен.
– Неверојатен е начинот на размислување на овој тим. Работите се така поставени што сите сме свесни дека доколку не напредуваме, другите тимови ќе нѐ престигнат – вели Андоновски

Дата: 1/25/2021