Љупчо Нечовски сопственик на хотелот Лејквју ,во Отешево на убавото Преспанско езеро,е иселеник повратник од Америка (Њу Џерси).По 27 години работа во САД Љупчо се врака во својата родна Преспа за да стане угостител и да го врати туризмот во разурнатата и напуштена туристичка населба . На туристите им нуди , чист воздух , спокојство, прекрасен поглед кон палжата и преубава Македонска храна. Самиот вели дека ова го посакувал одамна, единствено барање до властите му е да се вратат некогашните автобуски линии кои Преспа ја поврзуваат со Скопје , како би имало посетители од цела Македонија.
|