Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


 Ангел Василев
Трговско друштво ВАСИЛЕВ КОМЕРЦ ДООЕЛ
седиште ул. Ленинова бр. 15/33 Струмица
тел: +389 (0) 34 344 101 ; +389 (0) 34 344 102; + 389 (0) 34 327 106

факс: + 389 90) 34 344 101

email: info@delifo.com

web site: www.delifo.com

дејност: Прехрамбена индустрија

Ангел Василев потекнува од струмичкиот регион. Долго време престојувал и работел во Германија. Патувајќи по европските држави сфатил (увидел) дека прехрамбените медитерански специјалитети кои се консумираат на пазарите во Европа се прават и употребуваат во неговиот роден крај роден крај уште од кога знае за себе. Разсликата била таа што овие производи во Рапублика Македонија имаат многу подобар вкус и квалитет. Василев заклучил дека причината за тоа се природните компаративни предности кои ги има Струмичкиот регион за производство на потребната суровина. Сонцето, плодната почва и чистата вода во подножјето на Огражден се непресушен извор за производство на сивоко квалитетна суровина потребна за добивање на квалитетни и вкусни медитерански специјалитети кои со сигурност ќе си го пробијат патот до пробирливиот европски потрошувач.
Способноста да го поврзе она што го вкусил во европските држави и вкусот на македонската кујна штого понел со себе, заминувајќи преде многу години од својата родна грутка, го натерала парите заработени од секојдневната макотрпна работа да ги инвестира во Република Македонија во с. турново – Струмица.
Василев во 2004 година ја основал компанијата Василев комерц ДООЕЛ Турново. Изградил производствен капацитет за производство на здрава храна и квалитетна храна со оригинален вкус. Составил млад високообразовен стручен тим спремен да ја реализира неговата идеја. Со тоа биле обезбедени сите фактори на производството на производите од брендот ДЕЛИФО ТУРНОВО.
Главната карактеристика на производите е што истите не се пастеризираат и стерилизираат, туку се пакуваат свежи и како такви се нудат на потрошувачите. Производното мото на компанијата е да се произведе производ со постојан и единствен вкус баран од потрошувачот.
Суровините која се употребуваат во производниот процес се: пиперката од типот на македонка и куртовска капија, патлиџанот, зелена тиква, печурката буковка, магданосот, босилокот и слично.
Готовиот производ го сочинуваат: печената пиперка полнета со урда, големи шампињони полнети со урда, домашна лутеница од домат со печена црвена пиперка, печен патлиџан, печена тиква и слично. Производниот асортиман добиен од градинарски и комбинација на градинарско-млечни производи постојано се зголемува.
Развојниот план на компанијата е во правец на изградба на нов погон за производство на нови педесетина артикли произведени согласно ХАСАП и ИСО стандардите. најголемиот дел од добиените производи се планира да биде наменет за извоз.

Дата: 1/22/2021