Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


 Име на компанија БАГА ФООД
Сопственик Иванчо Ивановски
Фабриката БАГА ФООД од Битола се занимава со преработка на свежо овошје и зеленчук, како и производство на ајвар. Компанијата започнува со производство во 2002 година и за кратко време создава свој препознатлив бренд Ва-Ва баран на пазарите во Европа и Америка.

Квалитетните земјоделски суровини од нашето поднебје, во комбинација со современата технологија за нивна преработка овозможило производство на високо квалитетни, здрави и вкусни производи.

Квалитетот и безбедноста на производите е гарантирана со имплементација на системот за безбедност на храната ISO 22000:2005, кој го вклучува и HACCP системот.

Сопственик на компанијата е господинот Иванчо Ивановски кој е и сопственик на компанијата Fast-Pak Trading Inc во Њу Џерси дистрибутер на производите на БАГА ФООД во Америка.

Компанијата планира во иднина да отпочне со производство на сертифицирана органска храна која е исклучително барана на странските пазари. За таа цел во соработка со Земјоделскиот факултет и странски специјализирани институти од оваа област се работи на усвојување на овој вид производство.

Тел + 389 47 268 858
Факс + 389 47 235 294
Веб страна www.vava.com.mk
E-mail info@vava.com.mk

Дата: 1/22/2021