Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ
Име и Презиме
Нагиб Фејзи
Место на живеење
Roma, Italy, Europe
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА
Име на компанијата
Caseficio Cesarina
Адреса
Via Della Cesarina 212
00139 Rome, Italy
Телефон
+ 39 0641 400 685
E-mail
Cesarina2@mt.net.mk
Лице за контакт
Сопственик: Нагиб Фејзи
Дејност
Производство на млечни производи
Caseficio Cesarina е реномирана италијанска млекарница предводена од истакнатиот македонски иселеник Нагиб Фејзи. Имено, Господинот Нагиб Фејзи на самиот почеток бил вработен во млекарницата Caseficio Cesarina каде на своето работно место многу брзо напредувал. Во 1996 година Господинот Нагиб Фејзи се одлучува да ја откупи млекарницата Caseficio Cesarina. Млекарницата врши производство на висококвалитетни млечни производи кои се дистрибуираат низ цела Италија. Најистакнат производ на Caseficio Cesarina е сирењето Моцарела. Во склоп на млекарницата има и фарма со 400 грла крави.


Производството во млекарницата се одвива со современа и целосно автоматизирана опрема. Заради задоволување на стандардите и производство на квалитетни производи, во млекарницата целосно е имплементиран системот за квалитет во производството НАССР.
Caseficio Cesarina континуирано остварува неповратен успех. 

Дата: 1/21/2021


Почеток на релизација на првиот проект за изучување на мајчин јазик во држави каде нема организирано настава по мајчин јазик од страна на МОН

Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, оваа година започна со реализација на наставата од далечина по мајчин јазик, наменета за ученици кои живеат во држави каде што нема организирана настава од страна на Министерството за образование и наука и тоа за земјите Австрија, Англија и Италија.
Оваа програма е наменете за деца кои ќе го изучуваат почетното и напреднато ниво на мајчин јазик. Агенцијата за иселеништво во соработка со Друштвото за интелектуални услуги СТАР-ДТ имаат можност да ја реализираат наставата во период од март до крајот на декември месец, оваа година, запазувајќи ги паузите за време на празниците и летниот распуст. По завршувањето на наставата на учесниците ќе им се доделат дипломи за завршен почетен и напреден курс.
Првиот час на учениците на наставата од далечина за изучување на мајчин јазик, помина во одлична, работна атмосфера.
Слушателите ја имаа можноста да се запознаат меѓу себе преку интерактивни онлајн вежби и со нескриен интерес активно учествуваа во истите. Планирани се и проектни задачи кои ќе бидат фокусирани исклучиво на културните и историските вредности на нашата земја.
Агенцијата за иселеништво останува посветена на промоција на земјата, со цел да се даде поддршка за зачувување на традицијата, јазикот, културата и историјата и нивна промоција меѓу македонската дијаспора.
Во продолжение слики од првиот час за изучување на македонски јазик.
Дата: 3/12/2021


 Македонецот Игор Цветковски е назначен за главен судија во BC Soccer premier League, една од најелитните фудбалски лиги во Канада од која многу познати клубови од САД и Канада (МЛС) добиваат засилување во своите редови.

Игор Цветковски е запишан и како прв македонски судија кој судел во престижната американска МЛС лига.
Со препорака и одлука на Канадската фудбалска федерација и Фудбалската федерација на British Columbia, Игор е именуван за нов судиски менаџер во една од најелитните лиги на територијата на Канада.
Во образложението на Генералниот менаџер на BC Soccer Premier League, Мет Холбрук, објавено на нивната веб страница, се вели дека Игор како инструктор и оценувач во судиската програма на BC Soccer premier League и со неговото искуство како судија на национално и интернациоинално ниво, е вистинскиот избор.
Македонскиот судија како нов судиски менаџер ќе делегира судии за сите натпревари, а ќе биде и нивен ментор. Цветковски ќе има можност да формира перспективни група на судии која ќе работи исклучиво под негов надзор, ќе има соработка со контролорите, како и тесна соработка со Судискиот коитет околу унапредувањата на одредени судии.
По само петмесечен прстој во Канада, Цветковски дебитираше како четврти судија, на дуелот меѓу Њујорк Ред Булс и Ванкувер Вајткепс (1-4), натпревар кој го следеа 25.000 навивачи. За Игор ова беше дополнително позначајно знаејќи го фактот дека во Северна Америка има вкупно 145.000 регистрирани судии, а тој беше одбран меѓу 60-те најдобри.

Дата: 1/21/2021