Нада Прља е родена во Скопје, а денес живее во Лондон, Англија. Академија за ликовни уметности завршила во Скопје. Прља е член на Управниот одбор на отворен простор – отворен систем во Виена, Австрија. Учесник е на Берлинското биенале 7 во 2012 год. Таа имаше бројни самостојни и колективни изложби.
Прља е уметник чија работа се занимава со комплексни ситуации на нееднаквост и неправда во општествата, кои се движат од политичко економски прашања. Последниот таков проект е „ Ѕид на мирот “ кој е изграден на централната улица Фридрих Штрасе во Берлин. Овој „ ѕид “ долг е 12м. а висок 5 м. и претставува еден вид поделба помеѓу сиромашните и богатите, односно социјалната поделеност.
Добитник е на повеќе награди и признанија за своите изложби меѓу кои се издвојуваат: Меѓународниот барок ( ефикасност на документација ), Напредна наука на морфологијата ( Загреб ), Напредна наука на морфологијата ( Лондон ) и др.
|