Кошничка

Имате 3 информации во вашата кошничка за печатење


 „Ролан“ е првиот македонски бренд на трактори, целосно произведен во Кавадарци, во фабриката на семејството Кичеви. Семејниот бизнис „МФ Јанаки“ постои веќе три децении. Во него три генерации од семејството се занимавале со сервисирање и репарирање на трактори. Последните две години одлучиле сериозно да го прошират бизнисот и своето знаење да го инвестираат во производство на првиот македонски трактор. Иако им ги забавила активностите, сепак, ниту пандемијата на Ковид 19, што трае речиси цела година, не го поколебала семејството упорно да работи на својот план и да истрае во инвестициите. Резултат на тоа се десетици произведени трактори кои веќе се користат на нашите ниви во сите делови од земјава. „Во 2019 година го направивме прототипот на тракторот што сега го произведуваме и заклучивме дека сме подготвени да стартуваме со производство. Во меѓувреме ја обезбедивме целата документација, прототипот беше тестиран на Машинскиот факултет, Бирото за метеорологија ни издаде број на шасија за да можат купувачите да си ги регистрираат возилата, а во меѓувреме инвестиравме и во нова хала каде го сместивме производството“, вели Наќе Кичев.  Раскажува дека компанијата ја основал дедо му во 1995 година, кога понудата и побарувачката во областа на резервните делови била на минимално ниво и кога подемот на модернизацијата на авто пазарот на светско ниво земал голем замав. Тие биле меѓу првите во земјава кои што можеле да ги следат тековите и да го задоволат купувачот. Долги години работеле на сервисирање и репарирање на половни трактори и од мала локална продавица ја прошириле дејноста во сервис за продажба и сервисирање на second hand трактори, а сега и на производство. Дизајнот на првиот македонски трактор „Ролан“, но и неговите механички перформанси се идеја на Кичеви, особено на таткото Ѓоко и синот Наќе. Тие велат дека „Ролан“ е прилагоден на потребите на македонскиот земјоделец и квалитетот и местоположбата на неговите ниви и за сите активности кои се изведуваат: орање, прскање или транспорт. Она што е најважно е што квалитетот е врвен, а цената е пониска од конкуренцијата. Тоа, вели Кичев, им дава шанса на нашите земјоделци да набават светска механизација по македонски цени.

„Пред извесно време добивме делови за уште неколку десетици трактори, така што следниот период ќе биде исполнет со многу работа. Деловите се набавуваат од Велика Британија, Турција и Индија, а некои почнуваме и тука да ги произведуваме. Производството на еден трактор од првиот шраф до крајниот продукт трае околу една недела“, oбјаснива Кичев.

Дата: 2/1/2021


350 до 400 гр грав,
две главички кромид,
неколку чешниња лук,
2 свежи моркови (може и од туршија),
малку магданос,
сол,
оцет и
масло.
Гравот се вари така што зрната да останат цели. Потоа се процедува и се меша внимателно во стаклена чинија со морковите изрендани на крупно ренде, со кромидот исечен на тенки резанки и се зачинува со оцет и масло, се додава магданосот, и по желба црн пипер. Се служи студена. 

Дата: 1/26/2021


ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ
Име и Презиме
Нагиб Фејзи
Место на живеење
Roma, Italy, Europe
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА
Име на компанијата
Caseficio Cesarina
Адреса
Via Della Cesarina 212
00139 Rome, Italy
Телефон
+ 39 0641 400 685
E-mail
Cesarina2@mt.net.mk
Лице за контакт
Сопственик: Нагиб Фејзи
Дејност
Производство на млечни производи
Caseficio Cesarina е реномирана италијанска млекарница предводена од истакнатиот македонски иселеник Нагиб Фејзи. Имено, Господинот Нагиб Фејзи на самиот почеток бил вработен во млекарницата Caseficio Cesarina каде на своето работно место многу брзо напредувал. Во 1996 година Господинот Нагиб Фејзи се одлучува да ја откупи млекарницата Caseficio Cesarina. Млекарницата врши производство на висококвалитетни млечни производи кои се дистрибуираат низ цела Италија. Најистакнат производ на Caseficio Cesarina е сирењето Моцарела. Во склоп на млекарницата има и фарма со 400 грла крави.


Производството во млекарницата се одвива со современа и целосно автоматизирана опрема. Заради задоволување на стандардите и производство на квалитетни производи, во млекарницата целосно е имплементиран системот за квалитет во производството НАССР.
Caseficio Cesarina континуирано остварува неповратен успех. 

Дата: 1/21/2021