Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Свежите пиперки се чистат од семето, се посолуваат малку одвнатре и се полнат со фил што ке го приготвите вака: кромидот и морковите ги чистите, ги сечете на ситни парченца и ги пржите на тивок оган во поклопено тенџере, додавајки по малку вода да не загори. Кога сето тоа ке омекне се додаваат компирите исечени на ситни коцки и половината од исто така исечените домати и лукот. Во сето тоа се додава сирење и магданос и се полнат пиперките. Во земјена или огноотпорна тава ги редите останатите домати, на кои им додавате една чаша вода и една помала чаша масло, потоа ги редите пиперките и сето тоа го печете околу половина час. Кога ке се испечат ги прелевате со млеко во кое сте разматиле едно јајце и пак ја вракате тавата во рерната за да се потпечат уште неколку минути. Сервирајте ги топли.

Дата: 7/8/2020