Киви е еден од најдобрите избори за длабинско влажнење и хранење на сувата кожа. Содржи повеќе витамин C отколку портокалот, но има и витамин А и Е. Кивито ги стеснува проширените пори, ги отстранува нечистотиите и го намалува сјајот на кожата кој произлегува од претерано лачење на себум. Сокот од киви е добар за циркулацијата.
Состојки:
- киви
- јаболко
Со вилушка згмечете едно киви и помешајте го со една рендана јаболка. Избегнувајте благо јаболко (црвено) бидејки може да предизвика благо воспаление на кожата. Готовата смеса нанесете ја на лице, врат и деколте и оставете ја да се суши 15 до 20 минути. На крај измијте го лицето со вода.
|