Британскиот глумец Расел Бренд(35) и американската поп-пеачка Кети Пери(26) се венчаа по хинду обичај во еден национален парк во Раџастан во северозападна Индија.Венчавката, на која присуствуваа членови на семејствата и блиски пријатели,ја обави хинду свештеник,непосредно пред младоженецот да ги испрати телохранителите да ги истепаат досадните папараци...Во националниот парк Рантамбор каде што е одржано венчавањето на Кети и Расел,живеат тигри,леопарди,диви свињи и хиени,поради што е оформена четиричлена комисија како би го проценила нивото на врева од свадбата за да не се вознемируваат дивите животни.
|