Лондон - Британскиот актер Дениел Редклиф сними многу интересен едиторијал за британското списание „Дејзд енд конфјусд“.Дваесет и едногодишниот актер постојано истакнува како сака да се оддалечи од улогата на Хари Потер низ која и натаму многумина го доживуваат, па ја прифати улогата на адвокат во филмот „Тhe Woman in Black“ на режисерката Џејн Голдман.Младиот актер во списанието говореше за тоа како е да се биде славен со 21 година. - Ова е многу важен период за сите нас, бидејќи сакаме да покажеме дека сме сериозни и оти сакаме да го работиме она што не интересира, изјави Дениел за списанието и додаде оти тоа се постигнува со работа со добар режисер и писатели.Редклиф неодамна ја одби улогата на машка проститутка, а ја прифати понудата од Бродвеј каде ќе настапува во мјузиклот „“"How to Succeed in Business Without Really Trying“ (Како да се обидеш во бизнисот без да се потрудиш).
|