Убавата актерка од филмот "Transformers", ќе игра во романтичната комедија на Џенифер Вестфелд. Комедијата "Пријатели со децата" следи двајца луѓе кои мислат дека животот на нивните пријатели од корен се изменил кога тие добиле деца.Да би го избегнале тој стрес, тие одлучуваат заедно да создадат дете, а потоа се разведуваат и почнуваат да се гледаат со други луѓе. Главните улоги ги толкуваат Вестфелд, која го напиша и режираше филмот, и Џон Хем. Меган Фокс ќе ја глуми девојката со која главниот лик почнува да се гледа. Филмот "Пријатели со децата" ќе се појави во кино салите во април следната година.
|