Иселеници со кои се гордееме



Назад



ДОНАТОРОТ ПЕТАР СТАМАТОВ



Петар Стаматов е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Делото што го направиле Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, Американка од полско потекло, претставува убав пример и патоказ на еден честит, мешан  и благороден американски брачен пар, меѓу Македонец и Полјачка. Петар Стаматов по природа бил благороден човек, хуман и културен. Тешкиот живот што го поминал, го направил таков што секогаш бил подготвен некому да помогне. Материјално помагал многу луѓе, а неговата финансиска помош за изградба на болница во Скопје после катастрофалниот земјотрес не била мала. Тој беше голем донатор и на списанието „Македонија", орган на поранешната државна Матица на иселениците од Македонија. Петар Стаматов, заедно со својата сопруга Јажа, дошол петпати во Македонија. Последното негово доаѓање било во 1976 година. Сите тие доаѓања во родната земја помогнале кај Петар да направи нешто со што ќе може, на некој начин, да и' помогне на татковината, на својот народ. Така, по примерот на големиот донатор Атанас Близнаков, и кај него се родила иницијативата за основање  фондација за помагање на талентирани студенти на универзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.Кај Петар Стаматов секогаш тлеела донаторката љубов и големата хуманост кон луѓето, кон посреќната иднина на човештвото. Тој ги помагал активностите на Македонците, но и на другите во Чикаго. Исто така ги помагал и своите роднини во Македонија. Донирал поголема сума пари за списанието "Македонија" кое беше орган на поранешната државна  Матица на иселениците од Македонија и преку кое, всушност, се запознал со фондацијата на Атанас Близнаков. Станал голем читател и вљубеник во списание "Македонија".

Извор: Славе Катин

 

310 посети
3/4/2021



123 movies
google maps embed iframe generator