Ве известуваме



Назад     



ДО СИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ И ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ИМААТ ХУМАНИТАРНА ДЕЈНОСТ



ПОЧИТУВАНИ!

 

Иселениците отсекогаш имале волја да помагаат при природни катастрофи или да донираат парични средства и други материјали на најранливите категории граѓани, семејства, институции, болници, старечки домови и друго.

 

Агенцијата за иселеништво ја подржува хуманоста од страна на иселениците и во иднина планира да даде логистичка поддршка на оваа дејност.

 

Имено, со цел да се избегнат несаканите ситуации кога се манипулира со донацијата од страна на разни посредници, ве повикуваме сите што сакате да донирате да не информирате, за да го следиме текот на процесот и донацијата да стаса на вистинското место каде е потребно, преку комуникација и контакт со крајната цел.

 

Нагласуваме дека средствата не треба да се испратат до Агенцијата за иселеништво, која како државен орган не смее да располага со парични и други средства од иселениците, туку само ќе ја прими информацијата од вас и ќе гарантира за успешна хуманитарна акција.

 

Се надеваме дека на тој начин, државата повторно ќе ја стекне довербата кај иселениците и ќе се зацврстат врските и соработката со своите граѓани во странство.

 

АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

49 посети
6/8/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99259 пати