Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     



СРЕДБА СИМОВСКИ – БЛИЗНАКОВСКИ



Симовски – Близнаковски: Интересот за самопопишување на дијаспората постојано расте, институциите се на располагање за сите прашања и дилеми

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски, денеска одржаа работен состанок посветен на тековните активности поврзани со самопопишувањето на македонските државјани. Самопопишувањето на дијаспората е во тек од 1-ви март, а ќе заврши на 21-ви април. Како што стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, утрово, бројката на самопопишани изнесуваше 137.111 лица, што претставува зголемување на вкупната бројка од 7.102 за само еден ден. На состанокот било истакнато дека двете институции се задоволни од досегашниот одѕив и очекуваат оваа бројка да се зголемува постојано. Државниот завод за статистика, како и Агенцијата за иселеништво, се посочува во соопштението, се во редовна комуникација со дијаспората и постојано се достапни за одговор на сите нивни прашања и дилеми.
– Двајцата директори уште еднаш ја истакнаа важноста од попишувањето на македонските државјани кои подолго од една година живеат во странство. На тој начин тие имаат можност да се впишат во базата на нерезидентно население, а овие податоци на државата и се потребни за соодветно планирање и подобрување на услугите кои дипломатско-конзуларните претставништва ги нудат, како и за подобрување на политиките внатре во државата, се наведува во соопштението.

Директорот Симовски и директорот Близнаковски апелирале до сите чинители во општеството да се приклучат на повикот кон дијаспората да ја искористи оваа едноставна можност и да се попише во што поголем број. 

144 посети
3/25/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99297 пати