Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     



Нов проект на Агенцијата за иселеништво



Почеток на релизација на првиот проект за изучување на мајчин јазик во држави каде нема организирано настава по мајчин јазик од страна на МОН. Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, оваа година започна со реализација на наставата од далечина по мајчин јазик, наменета за ученици кои живеат во држави каде што нема организирана настава од страна на Министерството за образование и наука и тоа за земјите Австрија, Англија и Италија.

Оваа програма е наменете за деца кои ќе го изучуваат почетното и напреднато ниво на мајчин јазик. Агенцијата за иселеништво во соработка со Друштвото за интелектуални услуги СТАР-ДТ имаат можност да ја реализираат наставата во период од март до крајот на декември месец, оваа година, запазувајќи ги паузите за време на празниците и летниот распуст. По завршувањето на наставата на учесниците ќе им се доделат дипломи за завршен почетен и напреден курс.
Првиот час на учениците на наставата од далечина за изучување на мајчин јазик, помина во одлична, работна атмосфера.
Слушателите ја имаа можноста да се запознаат меѓу себе преку интерактивни онлајн вежби и со нескриен интерес активно учествуваа во истите. Планирани се и проектни задачи кои ќе бидат фокусирани исклучиво на културните и историските вредности на нашата земја.
Агенцијата за иселеништво останува посветена на промоција на земјата, со цел да се даде поддршка за зачувување на традицијата, јазикот, културата и историјата и нивна промоција меѓу македонската дијаспора.
Во продолжение слики од првиот час за изучување на македонски јазик.
99 посети
3/12/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99298 пати