Иселенички организации



Назад     



Признание од Агенцијата за иселеништво – поттик за подлабока соработка



Бигорскиот манастир срдечно го пречека во својата живописна прегратка директорот на Агенцијата за иселеништво, г-динот Слободан Близнаковски. Негова посета беше поттикната од еден навистина прекрасен повод – тој ја искористи можноста на нашиот сакан Старец и игумен, епископот Антаниски Партениј да му врачи благодарница за неговиот несебичен ангажман во досегашната плодна соработка со Агенцијата. Имено поттикнат од бројните активности на нашиот владика за унапредување на дијаспората, раководителот на Агенцијата посака да ги сподели со него радоста и задоволството од досегашните постигнувања, и да ги зацврсти темелите за понатамошна уште поголема соработка. Во пријатен разговор со бигорскиот игумен, тој го искажа восхитот од големото дело што манастирот го прави со нашите луѓе во дијаспората и ја понуди својата помош и поддршка за сите идни богоугодни проекти што го имаат за цел духовниот и културниот просперитет на нашиот народ, и овде во земјата и надвор од неа.  

580 посети
3/12/2021





Иселенички организации      ул.Партизански одреди бр.989     1000 Скопје   079 526 399     info@makemigration.org   од 12/5/2020 посетена 141921 пати