Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     



Дијаспората се попишува



Заменик директорот на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија, Измит Нура оствари средба со заменик директорот на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија г-дин Иљми Сељами, каде на средбата  се разговараше  за попишувањето на  дијаспората  и за соработката помеѓу  двете институции за зголемување на ефикасноста и ефективноста во развојот на попишувањето на дијаспората.  Заменик директорот Нура ја имаше честа и во знак на благодарност му ја подари на господинот Сељмани „Граматиката на албанскиот јазик ” , издадена од Агенцијата за иселеништво, специјално  изготвена и наменета за потребите на иселеништвото. Г-дин Нура апелираше до албанската дијаспора од Република Северна Македонија, клубовите и иселеничките друштва да се вклучат во попишувањето на населението и исто така да се промовира што е можно повеќе попишувањето на населението во дијаспората.

105 посети
3/12/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99260 пати