Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     



СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ СО ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО



Денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и раководителот на Секторот за одржување и унапредување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој на исселениците, Билјана Костова.

На средбата е разговарано за иницијативите и  можностите за соработка помеѓу Агенцијата за иселеништво и Општина Берово, во насока на интеграција на иселениците во јавниот економскиот и културниот  живот, размената на информации, како и за можноста  за инвестицции.

Градоначалникот Пекевски информираше за различни иницијативи од културен аспект што општината ги реализира, за општинските услуги во сферата на социјалната заштита, како и можностите за развој и инвестиции, особено во делот на туризмот.

Директорот Близнаковски упати на иницијатива  за системска соработка со општините, преку споделување на информации и нивна  презентација пред иселеничките поединци и организации во светот, со цел нашите иселеници, да  бидат информирани што се случува и секој да може да ги пронајде потребните информации.

Во рамки на средбата, посебен акцент е ставен на  потребата од унапредување и продлабочување на соработката со иселениците.

208 посети
3/1/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99295 пати