Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија



Назад     



Самопопишување на дијаспората ПОПИС 2021



Почитувани иселеници!

Од понеделник 1 март 2021 година започна  самопопишувањето на дијаспората, а ќе трае  се до 21 април 2021  година.  Со цел, реализaција  на една од  најважните статистички операции во земјава, преку која  се добиваат  точни информации  за состојбата на населението во  Република Северна Македонија и во дијаспората,  кои претставуваат основа за градење на ефикасни и ефективни јавни политики, Агенцијата за иселеништво ги повикува нашите иселеници во дијаспората, преку следниот линк https://popis2021.stat.gov.mk масовно да го реализираат правото на попис. За сите потребни информации околу начинот на пополнување на апликацијата, во периодот од 1.03.2021 година до 21.04.2021 година, можете да не контактирате на следниот маил info@minisel.gov.mk.

 

Во продолжение линк од практичното објаснување на апликацијата за попис.

 

https://www.facebook.com/popis2021/videos/3761937347255904

 

Со почит,

183 посети
3/1/2021





Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул.Македонија бр.19     1000 Скопје   023118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 99286 пати