Се во Едно WEB за Вас



Назад
Проблемот на рамни табани
Потребно е да се пронајде вистинскиот причинител на болка,


Најчеста дилема која ги



Најчеста дилема која ги " мачи" оние со рамни табани е дали можат да се занимаваат со физички активности без страв дека ќе се влоши состојбата. Исто така, страв од болка која како последица од рамни табани се јавува во долниот дел од грбот или колената, може да биде причина за намалување на физичката активност.Проблемот на рамни табани, односно делумно или потполно '"прилепување" на внатрешниот дел од стапалото за подлогата, може да се јави кај сите старосни групи и често пати е од генетско потекло. Рамни табани се лечат со носење на специјални влошки и со посебни вежби за истегнување, под надзор на стручни лица.
Најголем број луѓе со овој проблем немаат никакви тегоби.
Физиотерапевтите истакнуваат дека станува збор за биомеханички промени на стапалото, кои со текот на времето поради тежината која ја носат мускулите, тетивите и лигаментите, почнуваат да ги зафаќаат колената и долниот дел од грбот.
Поради тоа најдобро е да се зацврстат поважните групи на мускули, торзоа, квадрицепс (бутен мускул), а мускулите на листот и на задната ложа да се истегнуваат со лесни вежби кои ќе влијаат и на нивниот тонус.
Стучњакот за болни стапала и зглобови, доктор Вејн Едвардс нагласува дека рамните табани може да предизвикаат синдром на хипермобилност (преголема подвижност на зглобовите) особено кога пациентот ќе почне да чувствува болка во грбот и колената.
Потребно е да се пронајде вистинскиот причинител на болка, објаснува доктор Едвардс, и притоа да се бандажираат стапалата и со соодветни вежби да се зајакнат мускулите на телото.

990 посети
10/21/2010



123 movies
google maps embed iframe generator