Се во Едно WEB за Вас



Назад
dtjmgdm
dmhgmgh


Совршена шминка за под наочари



Шмин -кањето за оние кои носат наочари понекогаш знае да биде комплицирано,па затоа еве неколку совети за оние со ослабен вид.
Шминка во согласност со рамките за очила
Ако носите рамки кои се незабележливи користете повпечатливи бои на сенки за да ги истакнете очите, а усните нашминкајте ги во неутрални бои. Ако пак вашите рамки се во боја, усогласете ги рамките со бојата на карминот, а очите нашминкајте ги дискретно. Ако пак Вашите рамки имаат некоја неутрална боја, можете слободно да  користите посилни бои кои ќе ја освежат Вашата боја на лицето.
За кратковидите
Ако сте кратковиди наочарите визуелно ги намалуваат Вашите очи. Затоа ви прилега драматична шминка и туш преку горниот очен капак. на овој начин ќе ги истакнете очите и ќе создадете впечаток на широко отворени очи. Потоа нанесете и неколку слоеви маскара, а карминот нека биде во неутрална боја односно бојата на сенката, за да не бидете премногу нашминкани.
За далекувидите
На девојките кои носат наочари за далекувидост очите им изгледаат покрупни отколку навистина се. Понекогаш ова може  да изгледа неубаво, а посебно ако сте склони кон црвенило во очите. Затоа внатрешниот раб на долниот очен капак исцртајте го со бело моливче. Посебно внимание посветете и на сенката и преоѓањето од една во друга нијанса бидејќи кај Вас тоа се истакнува. Нанесете маскара само во еден слој бидејќи трепките. Заради дискретно нашминканите очи, користете кармин во повпечатливи нијанси.
Корисни совети   
- На подочниците задолжително нанесувајте коректор бидејќи наочарите дополнително ги истакнуваат.   
- Темни сенки користете само ако Вашите очи изгледаат крупни под наочарите.
- Ако очите Ви делуваат смалени нанесувајте повеќе слоеви маскара.    
- Ако имате природно крупни очи, прескокнете ја маскарата.   
- Секогаш користете маскара за волумен, а не за издолжување бидејќи  долгите трепки ги допираат стаклата.   
- Обликувајте ги веѓите и дополнително нагласете ги со моливче. Веѓите се многу важни кога носите наочари.   
- Белотот моливче ги прави очите покрупни.   
- Ситните очи за да изгледааат крупно треба да се нашминкаат со светликави сенки во светли нијанси кои се нанесуваат по целиот капак.

862 посети
10/21/2010



123 movies
google maps embed iframe generator