|
Потребно
-1 чаша сирење Пармезен
-1 чаша нискомаслен мајонез
-400гр артичока (од конзерва-само срцевината,исцедени и ситно исецкани)
-500гр спанаќ-толчен и исцеден
-2 лажици домати
-лук сол и пипер по вкус
Загрејте ја рерната на 350 степени.Измешајте ги сите продукти освен доматите.Ставете ги во тава.Печете 30-35 минути до благо вцрвеување.Сервирате го,украсено со домати.
Потребно е:
- 1 лист обланди
- 2 конзерви туна
- 100 гр пченка
- 3 кисели краставички или повеќе
- 2 лажици пржен сусам
- 100 гр маргарин
- Пипер
- Кечап
Обландата се става помеѓу две влажни крпи за да омекне, додека се подготвува филот.
Маслото од туната се исцедува, а потоа се додава путер и се мешаат сите заедно. Се додаваат крупно исечканите краставички,
пченката и печениот сусам. Сите заедно, се комбинираат како фил и се премачкуваат омекнатите обланди, а потоа се виткаат како ролна.
Оставете ги 2 часа во фрижидер да се стврднат и пред да се исече на ролни, украсете ја со кечап.
1 краставица
100 гр. масло
1/2 кгр. кисело млеко
3-4 чешниња лук
сол
Ставете гo лукот во дрвена ваганка, додајте сол и толчете се додека лукот не се истолчи добро. Вo таа смеса постепено додавајте масло и матете добро дoдека не добиете смеса слична на млеко. Во таа смеса дoдајте го киселото млеко убаво изедначете ја смесата и на крај додајте ја краставичката исечкана на ситни коцки. Во колку киселoтo млеко е мноry ryсто можете да дoдате 1-2 филџана вода.
10 кгр. краставички 10 лит. вода 300 гр. сол разблажен оцет
Краставичките се мијат и се ставаат во солило кое е направено од 10 литра вода и 300
грама сол да стојат 7 дена. Потоа извадете ги од солилото, измијте ги и избришете ги со
салвета. Редете ги во тегли а по желба во теглите ставете црн пипер, рен, морков, може и
само краставички и налејте ги со разблажен вински оцет. Врзете ги теглите и оставете ги со
другата зимница.
3 страка праз
250 гр. маслинки
црвен пипер
масло
сол
Исчистете го празот, измијте го добро и исечкајте го ситно. Во чинија за салата ставете го празот, маслинките, црвениот пипер, се убаво измешајте и налејте ја салатата со масло. Во зависност од соленоста на маслинките ставете сол по желба.
30 полжави
2 главици кромид
масло
брашно
црвен пипер
оцет
сол
3а јадење се употребуваат затворени, големи лојзарски полжави на чија предна страна се наоѓа бела кожичка. Полжавите ставете ти во тенџере, налејте ти со вода и варете ги околу половина час. Кога полжавите ќе се сварат исцедете ја водата, извадете ја кожичката и извадете ги од кукичката со игла за плетење или со некоја жичка. Отсечете ги краевите (главите и опашките) измијте ги и ставете ги во оцет да стојат околу половина час. Во меѓувреме исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, додајте малку брашно црвен пипер и уште малку пропржете. Додајте потоа вода, посолете по вкус, ставете ти полжавите и варете ги уште десетина минути.
1. Половина кг. свежи печурки
2. сол
3. 2 големи лажици маслиново масло
4. 2 големи лажици оцет
5. 1 голема лажица мајчина душичка
6. црн пипер
Во длабок сад измешајте ги состојките. Печурките нека бидат со средна големина и печете ги цели. Откако се ќе се измеша се ставаат во загреана рерна на 250 степени, во сад обложен со фолија за печење. Печете 10-15 мин и потоа промешајте ги, па печете уште 10 тина минути додека поруменат.
Послужете со месо, можете да додате уште оцет по вкус.
Дали може и наизглед обичен, зелен, лиснат зеленчук да спречи рак, да помогне
...▼